Почетна » За Крушево » Население

Население

Општината Крушево, според бројот на жителите, спаѓа во помалите општини во Република Македонија.
Во општината, со пописот на населението, домаќинствата и становите од 2002 година утврдено е следното население:

Градско население 5330 жители
Селско население 4354 жители
Вкупно 9684 жители

од кои:

  • 4918 се од машки пол ;
  • 4766 се од женски пол;


Има вкупно 2706 домаќинства, вкупниот број на станови е 3518, а просечната големина на семејство изнесува 3,2 члена и бележи тренд на опаѓање.

Вкупниот број на невработени лица во општината изнесува 1986(Податок АВРМ од 2008) од кои во градот има 1149 во селските наслени места 837. Структурата на невработени според пол 1318 мажи и 668 жени. Структура на невработени според старост 463 до 29 год, 469 од 30-39 год, 497 од 40-49год, над 50 год. 556 лица. Според степенот на образование има 828 НКВ, 223 ПКВ, 384 КВиВКВ, 420 ССО, 49 ВШС и 81 ВСО невработени лица. (Извора Локален акционен план за вработување на општина Крушево) 

Националност:

  • 62,8 % Македонци
  • 21,3 % Албанци
  • 10,5 % Власи
  • 3,3 % Турци
  • 1,8 % Бошњаци
  • 0,2 % Срби
  • 0,3% останато


Показатели за рангирање на демографската старост на населението:

  • просечна старост (години) 30,5
  • млади до 20 години 39,4%
  • помлади од 40 години 69,0 %
  • стари 60 и повеќе години 12,4%
  • индекс на стареење 0,717

Констатиран е значаен пораст на миграцијата од село во град исто така констатиран е и значаен пораст на миграција на работоспособно население од општината во други општини и надвор од границите на РМ.Забелешка: Податоците се од Пописот на населението, домаќинствата и становите во РМ, 2002 година и од Локалниот акционен плана за вработување на општина Крушево 2009 – 2011 изработен во 2009 година.