Никола Ѓурковиќ бр.16А, 7550 Крушево • +389 48 477 061
Република Северна Македонија

Општина Крушево

Соопштенија

Известување за спроведена административна селекција по Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево

Известување за спроведена административна селекција по Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево

Општина Крушево ги известува заинтересираните кандидати и јавноста дека по истекот на рокот за пријавување по Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево, објавен на 24.09.2026 година, Комисијата именувана со Решение бр. 08-945/7 од 22.09.2026 година, спроведе административна селекција на пристигнатите пријави.

Во предвидениот рок е поднесена една пријава за кандидат за член на Управниот одбор, додека не се поднесени пријави за кандидати за членови на Надзорниот одбор.

По извршената проверка на доставената документација, Комисијата констатира дека пријавената кандидатка Костандина Тасеска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Јавниот повик за кандидат за член на Управниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево.

Имајќи предвид дека Управниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево се состои од пет члена, со поднесената една пријава не е обезбеден доволен број кандидати за продолжување на постапката во следната фаза, односно за спроведување на интервју и предлагање на кандидати за избор.

Од наведените причини, Комисијата констатира дека постапката по Јавниот повик не може да продолжи до фазата на интервју и предлагање на кандидати за членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево.

За понатамошното постапување во врска со обезбедување на составот на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево, јавноста ќе биде навремено информирана.

 

Општина Крушево

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email