Република Северна Македонија
Општина Крушево
Бр.21-816/25
08.10.2026 година
Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2026 година, бр. 08-1219/13 од 03.12.2025 година, донесена од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на ЈАВЕН УВИД за предлог Измена и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево
Се организира јавен увид за предлог Измена и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево.
Проектниот опфат се наоѓа на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, Општина Крушево и опфаќа делови од катастарските парцели КП бр. 2514/1, КП бр. 2514/4, КП бр. 2514/5, КП бр. 2514/6, КП бр. 2514/7, КП бр. 2880/1 и КП бр. 2970/1 КО Крушево вон град, општина Крушево.
Согласно границите, вкупната површина на проектниот опфат изнесува: 2.34 ха.
Јавниот увид се организира во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од 09.10.2026 година до 24.10.2026 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е–урбанизам, а ќе биде објавен и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Предлог Измената и дополнувањето на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево.
Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на проектот. Анкетните листови можат да се подигнат во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба бр. 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисија за урбанизам од член 38 од овој закон, која составува записник со образложение за прифатени и неприфатени забелешки што се објавуваат на службената веб странa и се испраќаат на изработувачот на урбанистичкиот проект за да ги вгради во проектната документација.
Соопштение за организирање на Јавен увид