Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25, 134/26 и 212/26) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2026 година, бр. 08-1219/13 од 03.12.2025 година, донесена од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:
СООПШТЕНИЕ
за организирање на ЈАВЕН УВИД за предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиски објекти за изградба на среднонапонски кабелски вод, на дел од КП 2231, дел од КП 2232, дел од КП 2233, дел од КП 2954, дел од КП 1909, дел од КП 2146, дел од КП 2147 и дел од КП 2148, КО Крушево вон град, општина Крушево
Се организира јавен увид за предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиски објекти за изградба на среднонапонски кабелски вод, на дел од КП 2231, дел од КП 2232, дел од КП 2233, дел од КП 2954, дел од КП 1909, дел од КП 2146, дел од КП 2147 и дел од КП 2148, КО Крушево вон град, општина Крушево.
Предметниот проектен опфат зафаќа дел од КП 2231, дел од КП 2232, дел од КП 2233, дел од КП 2954, дел од КП 1909, дел од КП 2146, дел од КП 2147 и дел од КП 2148, КО Крушево-вгр., Општина Крушев. Во истиот се предвидува класа на намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија и зафаќа површина од 989m2 или 0.09ha.
Граници на проектниот опфат се:
Север – КП 1930, КП 1924, КП 1923, дел од КП 1909, дел од КП 2232 и дел од К. 2233, КО Крушево-вгр., Општина Крушево
Југ – дел од КП 2146, дел од КП 2147, дел од КП 2148, КП 2151 и КП 2152, КО Крушево-вгр., Општина Крушево
Исток – дел од КП 1931, К.О. Крушево-вгр.. Општина Крушево
Запад – дел од КП 2231, дел од КП 2954 и дел од КП 2153, К.О. Крушево-вгр., Општина Крушево
Во рамки на проектниот опфат предвиден е среднонапонски кабелски вод со:
Должина на кабелска траса: 456m
Почетна точка: Трафостаница на ФВЦ на КП 2416, К.О. Крушево-вгр., Општина Крушево (X: 7520681.040; Y: 4582217.290)
Крајна точка: спојница со постоечки 10(20)kV кабелски вод (X:7520292.800; Y:4582207.420)
Јавниот увид се организира во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од 20.11.2026 година до 05.12.2026 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е–урбанизам, а ќе биде објавен и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Предлог Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за линиски објекти за изградба на среднонапонски кабелски вод, на дел од КП 2231, дел од КП 2232, дел од КП 2233, дел од КП 2954, дел од КП 1909, дел од КП 2146, дел од КП 2147 и дел од КП 2148, КО Крушево вон град, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево.
Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на проектот. Анкетните листови можат да се подигнат во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба бр. 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисија за урбанизам од член 38 од овој закон, која составува записник со образложение за прифатени и неприфатени забелешки што се објавуваат на службената веб странa и се испраќаат на изработувачот на урбанистичкиот проект за да ги вгради во проектната документација.
Општина Крушево
Градоначалник,
Нико Чонески