Никола Ѓурковиќ бр.16А, 7550 Крушево • +389 48 477 061
Република Северна Македонија

Општина Крушево

Соопштенија• Новости

Покана за дводневна практична обука за одржливост, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларни практики во туристичкиот сектор

Покана за дводневна практична обука за одржливост, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларни практики во туристичкиот сектор

Општина Крушево и Центарот за одржлив развој АЛКА, во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – Патување во природа и авантура“, Ве поканува да учествувате на дводневна практична обука за одржливост, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларни практики во туристичкиот сектор.

📅 8 и 9 октомври 2026 година
📍 Хотел Монтана, Крушево
🕘 Почеток: 09:00 часот

Обуката е наменета за сопственици и претставници на туристички бизниси и туристички објекти од Крушево и Елбасан, како и за претставници на локални туристички субјекти.

 

Учесниците ќе имаат можност да:

• научат практични мерки за намалување на потрошувачката на енергија;
• се запознаат со можности за примена на обновливи извори на енергија;
• идентификуваат можности за намалување на отпадот и поефикасно користење на ресурсите;
• развиваат одржливи и циркуларни туристички производи;
• работат на конкретни подобрувања за сопствениот бизнис;
• добијат стручни совети и повратни информации од експерти.

 

Ве молиме пополнете го прашалникот за проценка на потребите за обуката, работилницата и менторската програма на следниот линк: https://forms.gle/Xc7ZVAnEXo8z9obW6

Ве очекуваме во Крушево!
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Јавен повик