Проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“ беше претставен на четвртиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет (JMC) на ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија, Албанија, кој се одржа на 24 март 2026 година во Корча.
Презентацијата ја одржа проектната координаторка, Татјана Хасану, претставувајќи ја Општина Крушево како водечки апликант. За време на сесијата беа презентирани главните проектни активности, очекуваните резултати и значењето на прекуграничната соработка помеѓу засегнатите страни за развој на одржливиот и авантуристичкиот туризам.
Проектот го поттикнува вмрежувањето помеѓу туристичките даватели на услуги, со посебен фокус на параглајдерството и туризмот на отворено, зајакнувајќи ги врските помеѓу Крушево и Елбасан како атрактивни туристички дестинации.
Проектот „Крушево и Елбасан, патување во природа и авантура“ е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.


