Финансирано од Европската Унија · ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија

Потпишан Партнерскиот договор за имплементација на проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“

Општина Крушево, Општина Елбасан, Центарот за одржлив развој АЛКА и организацијата Tjeter Vision официјално го потпишаа Партнерскиот договор за имплементација на проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија, Албанија и има за цел да го поттикне развојот на одржливиот и авантуристичкиот туризам, да ја подобри туристичката инфраструктура и да ја зајакне прекуграничната соработка помеѓу двата региони.

Во рамките на проектот ќе бидат реализирани значајни инфраструктурни инвестиции, меѓу кои:

• Изградба на безбедно и пристапно полетувалиште за параглајдерство во Крушево.
• Унапредување на Спортско рекреативниот центар Гумење со нови пешачки патеки, ЛЕД осветлување, реконструкција на спортските терени и простор за организирање настани и фестивали.
• Изградба на авантуристички парк во Фунар, Елбасан, со паркинг простор и обележани патеки до кањоните Допај.

Проектот предвидува и активности за развој на локалните капацитети преку обуки за туристички оператори и локални претприемачи за одржлив туризам, циркуларна економија и примена на практики со минимално создавање отпад. Истовремено ќе биде воспоставена прекугранична мрежа на туристички чинители за заедничка соработка, размена на искуства и развој на нови туристички производи.

Преку регионални и меѓународни промотивни активности, проектот ќе придонесе за зголемена препознатливост на Крушево и Елбасан како атрактивни дестинации за авантуристички и активен туризам.

Со потпишувањето на Партнерскиот договор започнува реализацијата на заедничка иницијатива која ќе придонесе за одржлив економски развој, подобра туристичка понуда и посилни врски помеѓу локалните заедници од Северна Македонија и Албанија.

Следете нè
Следете ги активностите и најновите информации за проектот на социјалните мрежи.
Новости и настани

Следете го спроведувањето на проектот

Покана за дводневна практична обука за одржливост, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларни практики во туристичкиот сектор

Општина Крушево и Центарот за одржлив развој АЛКА, во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – Патување во природа и авантура“, Ве поканува да учествувате на дводневна практична обука за одржливост, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларни практики

Read More »

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг „Крушево 2026“ и промовирани новите полетувалишта на Црн Врв

Крушево, 24 август 2026 година Во Центарот за параглајдинг во Крушево, на 24 август 2026 година, свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“. На првенството учествуваат млади пилоти и национални тимови од

Read More »

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, со учество на 130 пилоти и околу 200 лица од 38 земји Крушево деновиве повторно живее со параглајдингот. Од 8 до 19 август, Крушево е домаќини на 18. FAI Европско

Read More »