Општина Крушево и Општина Елбасан започнуваат нова фаза на соработка преку проектот „Патување низ природата и авантурата“, финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија.
Проектот има за цел развој на одржлив туризам, подобрување на туристичката инфраструктура и зајакнување на локалните економии во прекуграничниот регион, преку заеднички активности и инвестиции во туристички и авантуристички содржини.
Основни информации за проектот:
- Период на имплементација: 1 ноември 2025 – 30 јуни 2028 година
• Вкупен буџет: 833.204 евра
• Партнерство: Општина Крушево, • Општина Елбасан, Центар за одржлив развој АЛКА и „Тјетер Визион“
Што предвидува проектот?
Во рамки на проектот ќе се реализираат повеќе инфраструктурни и развојни активности, насочени кон унапредување на туристичката понуда и создавање нови можности за локалните заедници.
Клучни резултати:
- Изградба на ново полетувалиште за параглајдерство во Крушево.
• Реконструкција и унапредување на Спортско-рекреативниот центар „Гумење“ со нови патеки, осветлување, спортски терени и простор за настани.
• Изградба на авантуристички парк во Фунар (Елбасан), со паркинг простор и обележани патеки до кањоните Допај.
• Обуки за претприемачи за одржлив туризам и циркуларна економија.
• Формирање прекугранична мрежа за координиран развој и промоција на туризмот.
• Заеднички промотивни активности за зголемување на регионалната и меѓународната видливост на дестинациите.
Нов чекор за авантуристичкиот туризам
Со овој проект регионот прави значаен чекор кон развој на авантуристички туризам, привлекување нови посетители и создавање нови економски можности за локалното население и бизнисите од двете страни на границата.
Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија.
Во прилог, резиме за проектот на Македонски, Албански и Англиски Јазик.


