Финансирано од Европската Унија · ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија

Промовирана ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија, Албанија и потпишани договорите за кофинансирање на два нови проекти

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, на 1 декември 2025 година во Охрид се одржа промотивен настан по повод почетокот на имплементацијата на два нови проекти финансирани преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија, Албанија.

Во рамките на настанот беше промовирана Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија, Албанија, а беа потпишани и договорите за кофинансирање помеѓу Министерството за локална самоуправа и носителите на двата новоодобрени проекти.

На настанот свои обраќања имаа Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, директорката на Дирекцијата за конвергенција и кохезија со Европската Унија на Република Албанија, Еридана Чано, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.

Присутните беа информирани за значењето на прекуграничната соработка во поттикнувањето на одржливиот регионален развој, заштитата на животната средина, унапредувањето на безбедноста на локалните заедници и развојот на одржливиот туризам. Двата нови проекти, чија вкупна вредност надминува 1,6 милиони евра, ќе придонесат за зајакнување на партнерствата и развојот на прекуграничниот регион.

ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија, Албанија е една од петте програми во кои учествува Северна Македонија со соседните земји. Со финансиска поддршка од околу 12 милиони евра, програмата поддржува проекти кои придонесуваат за економски раст, заштита на животната средина, социјална инклузија и продлабочување на соработката помеѓу локалните заедници од двете држави.

Еден од двата нови проекти е „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“ (KET-J), кој ќе придонесе за развој на одржливиот и авантуристичкиот туризам и за зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу Крушево и Елбасан.

Следете нè
Следете ги активностите и најновите информации за проектот на социјалните мрежи.
Новости и настани

Следете го спроведувањето на проектот

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг „Крушево 2026“ и промовирани новите полетувалишта на Црн Врв

Крушево, 24 август 2026 година Во Центарот за параглајдинг во Крушево, на 24 август 2026 година, свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“. На првенството учествуваат млади пилоти и национални тимови од

Read More »

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, со учество на 130 пилоти и околу 200 лица од 38 земји Крушево деновиве повторно живее со параглајдингот. Од 8 до 19 август, Крушево е домаќини на 18. FAI Европско

Read More »

Промовирана ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија, Албанија и потпишани договорите за кофинансирање на два нови проекти

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, на 1 декември 2025 година во Охрид се одржа промотивен настан по повод почетокот на имплементацијата на два нови проекти финансирани преку ИПА III Програмата

Read More »