Вработувањето на државни службеници во Општина Крушево се врши по пат на јавен оглас согласно Законот за државни службеници (Пречистен текст) објавен во Службен весник на Република Македонија број 108/2005 и Правилникот Правилник за критериумите и стандардите, како и постапката за селекција и вработување на државните службеници (објавен во Службен весник на Република Македонија број 85/2005). Постапката за вработување се реализира преку Агенцијата за државни службеници на Република Македонија.
Повеќе информации на www.ads.gov.mk