Никола Ѓурковиќ бр.16А, 7550 Крушево • +389 48 477 061
Република Северна Македонија

Општина Крушево

Одделение за јавни набавки

Одделение за јавни набавки

Одделението за јавни набавки,ги врши работите што се однесуваат на :

– следење на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки и нивна доследна примена;

– давање на мислење на актите од областа на јавните набавки од аспект на нивната законитос;

– изготвување на Годишен план за јавни набавки на општината, координирање со секторите и одделенијата за подготовка на спецификациите за тендерските постапки;

– спроведување на јавните набавки преку прибирање на понуди;

– избирање на најповолни понудувачи;

– подготвување на договори со понудувачите;

– водење на регистер за спроведените јавни набавки, доставува податоци до Бирото за јавни набавки, согласно законските одредби од законот за јавни набавки и законот за локална самоуправа;

– и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и другите прописи.

Овој дел од порталот на Општина Крушево, претставува архива на јавни набавки. Огласите се објавени во Информацискиот систем за Јавни Набавки на страната на Бирото за јавни набавки на следниот линк:

https://e-nabavki.gov.mk