Отпочнато со оградување на споменичниот комплекс „Илинден“
Се оградува контактно-контролната зона од споменичниот комплекс „Илинден“ со ограда од метален профил со што ќе се организира просторот на комплексот, ќе се регулира движењето на посетителите, ќе се организараат целини со хортикултурно уредување, поставување на гранитни жардињери а исто така ќе се изградат и 3 чешми од кои едната ќе биде спомен чешма Црешово топче.
Проектот е финансиран од Министерство за култура, во фази преку НУ „Историски музеј“ Крушево и НУ „Завод и музеи“ Прилеп и сопствени средства од НУ „Историски музеј“ Крушево.