Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Почитувани,

3-ти декември е показател дека треба да работиме цела година за да ги унапредуваме животите на лицата со посебни потреби. На Меѓународниот ден на лица со посебни потреби мора да го споменеме фактот дека Крушево е пример на згрижување и воспитување на деца и млади со посебни потреби.

Континуирано работиме за и со оваа група на граѓани. Кризата со коронавирусот донесе многу потешкотии за овие лица, но и за сите нас кои сме на чело на институции кои треба да работат за да ги подобрат животните услови на граѓаните. Сепак, сметам дека успеавме и покрај се да продолжиме да работиме и постојано да комуницираме со лицата со посебни потреби и нивните семејства.

Даваме поддршка на лица и здруженија кои работат со овие сограѓани и за оваа област. Со дел од проектите кои ги имплементираме се трудиме истите да бидат достапни за лицата со потешкотии. Дополнително, ги надминуваме сите предрасуди и дискриминации и верувам дека од година во година се подобруваме на основата „еднаквост“.

Да продолжиме заедно во симболот за еднаквоста. Живеме заедно и сите сме исти.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски