Почетна » Posts tagged 'outdoor festival'

Архива на тагови: outdoor festival

Прв оutdoor фестивал во Крушево на Крушевското езеро

Повелете да се рекреирате, кампувате, спортувате и забавувате во најаутдор градот во Македонија и на Балканот!
When in Krusevo започнува на 4-ти, а ќе трае до 6-ти Август. Вклучува авантуристички МТБ и планинарски тури низ недопрената крушевска природа, адреналински тандем параглајдинг од Мечкин Камен, посета на историските знаменитости и музеи како и многу забава на Крушевското езеро!

Настанот вклучува:

 
МТБ Тура

Незаборавно велосипедско доживување низ природните Крушевски убавини. МТВ туратa започнува од Гумење на 50м од Кумитскиот камп, поминува низ познатата Крушевска корија и преку историската Слива каде се одвивала една од најпознатитте  битка за одбрана на Крушево, се искачува до манастирот св.Преображение и до Крстот над Крушево,  од каде ќе можете да уживате во прекрасниот поглед кон целата Западна Македонија. Турата продолжува до највисоката планинска точка на Бушева планина, врвот Мусица (1788 мнв), од каде се спушта до скијачките терени Станич, продолжува до Мечкин Камен и се враќа назад до Кумитскиот камп низ прекрасното и незаборавно Крушево. Можност да го извозите Крушево како што некогаш го „возеле“  славните крушевски Кумити и Војводи!

Предвидени се две велосипедски тури и тоа:
- Поголемата Кумитска авантура 40km
- Помалата Кумитска авантура 20km.

 

Планинарење

Планинската авантура низ недопрената Крушевска природа започнува од Кумитскиот камп, продолжува над Крушевското езеро до месноста Слива, историската точка каде се одвивала една од најголемите битки за одбрана на Крушевското население. Од Слива се искачува до Крстот над Крушево, местото со најубавиот поглед на светот (па и малку пошироко), продолжува до преркасниот манастир св.Преображение и продолжува до врвот Мусица (1788 мнв), највисоката точка на Бушева планина. Од Мусица турата полека се спушта низ Крушевската корија па преку скијачките терени Станич и планинските патеки пристигнува до влезот на Крушево. Турата завршува со искачување од влезот на Крушево до Кумитскиот камп-единствената можност да го искачите нашето гратче Крушево од неговата најниска до неговата највисока точка, пешки,  и тоа по истите патеки каде што некогаш оделе славните крушевски Кумитити и Војводи!

Предвидени се две планинарски тури, за секого според можностите:
- Кумитите кај што оделе пешки
- Кумитите кај што се шетале.

 

Tандем параглајдинг

За секој учесник на фестивалот овозможени се и тандем летови од Мечкин Камен, еден од омилените европски стартови во во овој спорт. Искусните пилоти на клубот Heli XC ќе ве однесат на адреналинска авантура која никогаш нема да ја заборавите! Повластени цени од 1500 ден. само за учесниците, летот ќе трае 20-30 минути,  а рутата зависи од временските услови. Во цената е организиран превоз до местото на полеување и слетување! Летовите ќе се одржат на 5-ти Август.

 

Kултурно-рекреативна тура

За крушевкото културно наследство веројатно сте слушнале доста. Во склоп на тридневното дружење понудена е единствена можност да се посетат три доста интересни објекти поврзани за Крушево и Македонија.
За секој учесник обезбедена е посета на:
- Споменик Илинден (во народот познат како Македониум);
- Галерија Мартиновски – најпознатата збирка на слики избрана и поставена од самиот уметник по потекло од Крушево, Никола Мартиновски;
- Спомен Куќа Тоше Проески.
Во секој музеј обезбеден е водич и кустос.

 

Забава

За забавата на која ќе може да присуствуваат и поканети се сите, влезот е слободен, задолжение се следните изведувачи:
- Фолтин
- Rootboy Selector
- The Backdoor Band.
- GALOSKI
- High Start
- DJ Crazy Slave
- DJ Bapcu

 

Повеќе инфо  за фестивалот може да добиете на www.wheninkrusevo.mk и на фејсбук страната https://www.facebook.com/wheninkrusevo/

Ве очекуваме на тридневна авантура во Крушево.

Поддржано од Општина Крушево која секогаш ги помага активностите поврзани со развој и промоција на Крушево како авантуристичка дестинација.

Share