Почетна » Posts tagged 'с.Бучин'

Архива на тагови: с.Бучин

Пуштена во употреба новата спортска сала во с.Бучин, Општина Крушево

Денес во с.Бучин, Општина Крушево од страна на Градоначалникот на Општина Крушево – Ѓорги Дамчески, Претседателот на Советот на Општина Крушево – Нико Чонески и членот на Советот на Општина Крушево – Пеце Аџиоски, свечено беше пуштена во употреба новоизградена спортска сала.

Изградбата на спортската сала траеше две години и е дел од проектот на Владата на ВМРО ДПМНЕ за изградба на 145 спортски сали, а со цел подобрување на условите за живот и спортување во руралните средини.

Инвеститор е Агенцијата за млади и спорт на РМ, а вкупната  вредност на проектот изнесува 22.500.000 денари.

Во своето обраќање, Градоначалникот Ѓорги Дамчески истакна -  „На територијата на Општина Крушево во изминатите години е доста инвестирано во спортот – се изгради нов фудбалски стадион, фитнес зона на отворено, а во завршна фаза е изградбата на едно повеќенаменско и две тениски игралишта со што се комплетира спортско-рекреативниот центар Гумење.

Дополнително се изградени два спортски терени во с.Норово и с.Пресил како донација на АД „Жикол“ од Струмица.

Во скоро сите помали населени места се изградени детски катчиња за одмор, дружење и рекреација на најмладите.

Во тек е изработка на проект за реконструкција на постојната спортска сала во Крушево, измена на деталниот урбанистички план за изградба на нова спортска сала  со стандардни димензии во Крушево,  како и изработка на планска програма за изградба на кошаркарско игралиште во с.Саждево.

Ова нека биде пример и патоказ за секоја идна Влада како треба да се поддржува и инвестира во спортот и младите.“  – заврши Градоначалникот Дамчески.

Bucin

Сподели

Најсреќните учесници на одбележување на празникот Богојавление-Водици 2017 година од с.Пуста Река, с.Врбоец, с.Св.Митрани и с.Бучин на прием кај Градоначалникот на Општина Крушево

Најсреќните учесници на одбележување на празникот Богојавление-Водици 2017 год. од

с.Пуста Река – Влатко Павлески,

с.Врбоец – Христијан Нешкоски,

с.Св.Митрани- Дејанчо Маркоски  и

с.Бучин – Васко Јосивоски,

на прием кај Градоначалникот на Општина Крушево.

Во таа пригода им беа доделени скромни подароци во духот на Македонската православна црква.

Завршен настан на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин

Со сечење на лента, се прослави успешната реализација на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од  ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с. Бучин.

Имено, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Бучин е едно од 13-те училишта во Македонија кое доби грант од УСАИД во висина од  20.000 ЕУР.  Со овие средства се заменија прозорците и вратите во матичното училиште во с.Бучин и се постави и нов училишен под во подрачното училиште во с.Свето Митрани.

Освен големиот грант, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин доби и дополнителни два помали грантови од УСАИД кои беа искористени за набавка на нови спортски реквизити наменети за матичното училиште во с.Бучин како и за подрачните училишта во с.Свето Митрани и с.Пресил.  Се  постави опрема за играње кошарка во училишните дворови во с.Свето Митрани и с.Пресил, а  дополнително училишниот двор во  подрачното училиште во с.Пресил се поплочи со бекатон плочки.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието се имплементираше од страна на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во с.Бучин, со поддршка на Општина Крушево, Министерството за образование и наука како и невладината организација МЦГО.

 

 

 

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО ПЕРИОДОТ 2013-2016 год. ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО ОПШТИНА КРУШЕВО

Се  реконструира  локалниот пат Кривогаштани – с.Свето Митрани – с. Милошево – с. Пресил – с. Бучин во вкупна должина од 7км.

Реконструкцијата опфаќаше проширување на коловозот на 3,5 метри,  гребење на постоечкиот асфалт, тампонирање и поставување на нов слој асфалт.

Вкупна вредност на проектот изнесува 430. 000 ЕУР, средства обезбедени од Светска Банка и Европска Инвестициона Банка.

 

Се поплочија со бекатон плочки повеќе пешачки улици во с.Свето Митрани:

1. Крак 2, во вкупна површина од 953,87 м2.

2. Крак 3, во вкупна површина од 577,13м2. Средствата во висина од 602. 330 денари беа обезбедени  од Светска Банка , со грант преку Министерство за финансии на Р.Македонија.

3. Крак 5, во должина од 200м. Средства во висина од 693. 950 денари обезбедени  преку Јавното претпријатие за државни патишта на Р.Македонија.

 

Со подршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  во с.Бучин се асфалтира улица со вкупна должина од 1км. Вредноста на инвестицијата е 4. 453.900 денари.

 

Со средства обезбедени од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура, во висина од 4.565 788 денари без ДДВ, се асфалтираа улици во с.Врбоец, улица 1 и улица 2, во вкупна должина од 1.177м.

 

Со бекатон плочки се поплочија и пешачки улици во населените места:

- с. Врбоец , во  површина  од 185m, пешачка патека кон училиштето.

- с. Норово , во површина од 175mпешачка патека кон училиштето

- с. Пуста Река , во површина од 285m2

 

Со заеднички заложби на локалната самоуправа Крушево, Рудник Демир Хисар АД, Сопотница и Даки Даме Транс ДООЕЛ, с. Белче се тампонира пристапниот пат до манастирот Св. Ѓоргија во с.Бучин, во должина од 1,5 км.  Локалната самоуправа партиципираше со финансиски средства во висина од 40.000 денари.

 

Се тампонираа повеќе локални патишта и улица

- с. Бучин – тампонирани 5км патишта

- Извршен ископ на канал, затрупување и рамнење на улици во с.Пресил

- Локален пат Борино-Житоше во должина од  1.2км

 

Тампонирање на пристапниот пат до манастирот Св.Ѓоргија во с.Бучин

Со заеднички заложби на локалната самоуправа Крушево, Рудник Демир Хисар АД, Сопотница и Даки Даме Транс ДООЕЛ, с. Белче се тампонира пристапниот пат до манастирот Св. Ѓоргија во с.Бучин, во должина од 1,5 км.

Локалната самоуправа партиципираше со финансиски средства во висина од 40.000 денари.