Почетна » Posts tagged 'спортска сала во с.Бучин'

Архива на тагови: спортска сала во с.Бучин

Пуштена во употреба новата спортска сала во с.Бучин, Општина Крушево

Денес во с.Бучин, Општина Крушево од страна на Градоначалникот на Општина Крушево – Ѓорги Дамчески, Претседателот на Советот на Општина Крушево – Нико Чонески и членот на Советот на Општина Крушево – Пеце Аџиоски, свечено беше пуштена во употреба новоизградена спортска сала.

Изградбата на спортската сала траеше две години и е дел од проектот на Владата на ВМРО ДПМНЕ за изградба на 145 спортски сали, а со цел подобрување на условите за живот и спортување во руралните средини.

Инвеститор е Агенцијата за млади и спорт на РМ, а вкупната  вредност на проектот изнесува 22.500.000 денари.

Во своето обраќање, Градоначалникот Ѓорги Дамчески истакна -  „На територијата на Општина Крушево во изминатите години е доста инвестирано во спортот – се изгради нов фудбалски стадион, фитнес зона на отворено, а во завршна фаза е изградбата на едно повеќенаменско и две тениски игралишта со што се комплетира спортско-рекреативниот центар Гумење.

Дополнително се изградени два спортски терени во с.Норово и с.Пресил како донација на АД „Жикол“ од Струмица.

Во скоро сите помали населени места се изградени детски катчиња за одмор, дружење и рекреација на најмладите.

Во тек е изработка на проект за реконструкција на постојната спортска сала во Крушево, измена на деталниот урбанистички план за изградба на нова спортска сала  со стандардни димензии во Крушево,  како и изработка на планска програма за изградба на кошаркарско игралиште во с.Саждево.

Ова нека биде пример и патоказ за секоја идна Влада како треба да се поддржува и инвестира во спортот и младите.“  – заврши Градоначалникот Дамчески.

Bucin

Сподели