Почетна » Posts tagged 'проекти во патна инфраструктура'

Архива на тагови: проекти во патна инфраструктура

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

Добрата сообраќајна инфраструктура е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој во Крушево.

1.2

1.1

 

Сподели

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

Добрата сообраќајна инфраструктура е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој во Крушево.

1.1. 1.2. 1.3. 1.4.

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Добрата сообраќајна поврзаност е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој.

1.1. 1.2. 1.3.

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО ПЕРИОДОТ 2013-2016 год. ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

Реконструиран патниот правец Стопанство-Крушево во должина од 7km.

Вредност на проектот 3,5 милиони денари.

Реконструиран патниот правец Крушево-Сладуево-Демир Хисар во должина од 20km.

Вредност на проектот 7 милиони денари, средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.

Поставена хоризонтална и вертикална сигнализација на регионалниот пат Кривогаштани-Крушево-Демир Хисар.

Уреден влезот на Крушево.

Изградени се 120m потпорен ѕид од двете страни на сообраќајницата.

Поставени се канделабри за осветлување и два јарбола со знамето на Р.Македонија и знамето на Општина Крушево.

Реконструирана главната сообраќајница во должина од 1500m.

Вредност на проектот 5 милиони денари.

Реконструирана и проширена главната сообраќајница на влезот на градот со што се овозможи непречен и безбедно одвивање на сообраќајот во двете насоки.

Реконструкција и поплочување на улици во градот со бекатон коцки:

- улица „Таќа Бербер“ површина од 1050m2

- улица „Томе Никле“ површина од 1300m2

- улица „Никола Карев“ површина од 130m2

- улица „Благо Целев“ површина од 800m2

- улица „Киро Фетак“ површина од 500m2

- улица „Нико Доага“ површина од 1000m2

- улица „Питу Гули“ површина од 400m2

- улица „Мише Ефтим“ површина од 260m2

Нов асфалт на улиците „Коча Миленку“, „Питу Гули“ и „Никола Карев“ во вкупна должина од 1100m.

Се поплочи централното градско подрачје со гранитна коцка, површина 370m2.

Изградени пристапни патеки  во градските гробишта, од ул. „Никола Карев“ кон главната сообраќајница  и од ул. „Таќа Бербер“ кон главната сообраќајница. 

Уредени пешачки патеки

Старите бекатон плочки од Градскиот парк се искористија за уредување на пешачки патеки и тоа – дел од ул.„Коча Миленку“, дел од ул. „Питу Гули“ во должина од 200m. Уредено е и место за одмор до фудбалското игралиште.

Општина Крушево обезбеди  500m2 гранитна коцка, наменета за уредување на централното градско подрачје и тротоарите.

 

Тампониран локалниот пристапен пат до градската депонија и патот кој ги поврзува крајот на крушевското корзо на Гумење и пешачката и велосипедска патека од крушевското езеро, во должина од 370m.

 

Расчистени се урнатините од опожарената куќа на ул. „Манчу Матак“ и изграден е потпорен ѕид во должина од 20m. Исто така саниран, исчистен и ограден е црковниот објект на ул. „Тоше Проески“, по крушевските скали.