Почетна » Posts tagged 'Општина Крушево'

Архива на тагови: Општина Крушево

КОМУНАЛНА И УРБАНА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

01

02

03

04

05

Сподели

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

01

03

02

Одбележан денот на пролетта – 21ви Март

Засадени 1 000 садници смрча и бел бор како и садници од костен и бреза. Се садеше на месноста Бела Вода и во училишниот двор на подрачното училиште во с.Врбоец.

Садниците се донација од тутунската компанија СЕКЕ а во пошумувањето учествуваа вработени од тутунската компанија СЕКЕ, вработени од Општина Крушево, вработени од ЈП „Липа“ Крушево како и ученици од ООУ „Никола Карев“ Крушево.

 

Крушево ќе добие фитнес зона на отворено

Како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт „Изградба на 20 фитнес зони во Македонија“, денес беше воведена во градба фитнес зоната на отворено во Крушево,  сместена во спортско-рекреативниот комплекс „Гумење“.

 

Фитнес зоната ќе се состои од следниве елементи:

1. Комбиниран елемент со велосипед и степер;

2. Комбиниран елемент за влечење и истегнување

3. Комбиниран елемент за туркање со нозе;

4. Комбиниран елемент за чекорење ;

5. Комбиниран елемент за стомачна и грбна мускулатура;

6. Комбиниран елемент за цело тело;

7. Комбиниран елемент за чекорење и

8. Комбиниран елемент за лица со хендикеп.

 

Инвеститор: Агенција за млади и спорт

Изведувач: Урбано ЕЛ  ДООЕЛ Скопје

Вредност на проектот: 2.000.000 ден.

Рок на изведба: 3 месеци од денот на воведување во градба

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

Добрата сообраќајна инфраструктура е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој во Крушево.

1.1. 1.2. 1.3. 1.4.

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Добрата сообраќајна поврзаност е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој.

1.1. 1.2. 1.3.

ИНВЕСТИЦИИ ВО КРУШЕВО

ПОСЛЕ ДЕЦЕНИИ ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО КРУШЕВО

 

1.1

1.21.3

Да ја расчистиме маглата што ја сее СДСМ Крушево околу зимското одржување на улиците во Општина Крушево

Општина Крушево согласно прoграмата за изградба, реконструкција и рехабилитација на локалните улици и патишта на подрачјето на Општина Крушево е должна да обезбеди чистење на снегот и зимско одржување на локалните улици и патишта.

Согласно Законот за јавни набавки, на 18.11.2016г. Општина Крушево објави јавен повик за избор на изведувач за зимското одржување и чистење на улиците од снег.

Да потенцираме дека согласно законските прописи ЈП „Комуна“ Крушево НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ КАКО УЧЕСНИК НА ЈАВНИОТ ПОВИК.

На јавниот повик за избор на изведувач за зимско одржување, на транспарентен начин беше избрана фирмата ДОЕЛ „Јоска Транс – Трејд“ Демир Хисар. Од нивна страна бевме информирани дека по потреба и за квалитетно и навремено извршување на работите ќе бидат ангажирани и подизведувачи.

Се поставува дилемата дали ДОЕЛ „Јоска Транс – Трејд“ Демир Хисар при избор на подизведувачи постапи правилно:

  1. Дали требаше како подизведувач да ангажира поединец и да го продолжи неговиот „бонбона бизнис“, воспоставен во времето на СДСМ кога за чистење на улиците од снег, Општината му овозможи набавка на специјално „боб кет“ возило или
  2. Правилно постапи со тоа што како подизведувач го ангажира  јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево каде егзистенција за своите семејства обезбедуваат 50 вработени.

Средствата, согласно постигнатата цена и потпишаниот договор изнесуваат 325.000,00 ден. Тоа се средства кои се непроменети во изминатите десетина години и се доволни само за покривање на основните трошоци.

Со задоволство истакнуваме дека оваа година и покрај обилните снежни врнежи благодарение на новата скип машина за чистење на снег и ангажирањето на ЈП „Комуна“ улиците на целата територија на Општина Крушево се одржуваа на завидно ниво и целокупниот сообраќај се одвиваше без застој.

П.С. Колку да се знае, советничката група на СДСМ Крушево гласаше против набавката на скип машината, ровокопач-натоварувач со плуг за чистење на снег.

 

Општина Крушево

Градоначалник,

Ѓорги Дамчески

 

 

Учениците од ООУ „Никола Карев“ на свој начин преку песна и смеа ја честитаа Новата година

Учениците од ООУ „Никола Карев“, младинците од општинската организација на Црвениот Крст од Крушево и младинците од Младинскиот локален совет на Општина Крушево на свој начин, преку игра, смеа, песна и подароци за најмладите ја честитаа Новата година.

Новогодишни пакетчиња за најмладите

По повод Новогодишните и Божиќните празници од страна на Локалната самоуправа беа поделени 160 новогодишни пакетчиња и пакети со прехрамбени продукти за децата од семејствата од социјално ранливи категории, за децата со посебни потреби и децата сместени во згрижувачки семејства, децата на вработените во локалната самоуправа како и новогодишни подароци за јавната детска установа „Гонча Туфа“ кои ќе ги користат децата згрижени во градинката.

На овој начин Општина Крушево им посака среќни празници и весела година на најмладите, повеќе смеа и детски игри.