Почетна » Posts tagged 'ООУ „Никола Карев“'

Архива на тагови: ООУ „Никола Карев“

Набавен котел на цврсто гориво за парно греење во ООУ „Никола Карев“

Локалната самоуправа со Одлука на Советот на Општина Крушево, реализира проект за поставување на котел за парно греење на цврсто гориво во ООУ „Никола Карев“ – Крушево.

Со промената на котелот од течно на цврсто гориво се остварува 40-50% годишна заштеда од трошоците за греење или 6-7 000 евра од грејна сезона, средства кои ќе се пренаменат за други потреби на училиштето.

Вредност на проектот:  878.616,00  денари.

Инвеститор: Општина Крушево

 

Сподели

Тутунскиот комбинат СЕКЕ СА донираше надгледни средства

Во просториите на Општина Крушево се реализира донацијата на тутунскиот комбинат СЕКЕ СА, која се состои од надгледни средства потребни за поквалитетно одржување на наставата во подрачните училишта на матичното ООУ „Никола Карев“ од Крушево.

Донацијата е со вредност од 45.000 денари.

Oдбележан патрониот празник на ООУ „Никола Карев“ од Крушево

Со пригодна приредба учениците на ООУ „Никола Карев“ од Крушево и нивните подрачни училишта, го одбележаа својот патрон празник.

II место во одбојка за учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево

На средбата во Општина Крушево, Градоначалникот Ѓорги Дамчески ги поздрави учениците од ООУ „Никола Карев“ од Крушево и им го честиташе освоеното  второ место на натпреварот во одбојка, притоа посакувајќи им уште поголеми успеси како во спортот така и во учењето.

Учениците од ООУ „Никола Карев“ се натпреваруваа на Државното првенство на основни училишта во одбојка – мажи, кој се одржа во општина Василево од 03-05. 03.2016г.  а беше организирано од Федерацијата на училишни спортови на Македонија – Скопје.

Ова е само еден показател како успешно се негува спортот уште од најрана возраст со надеж дека тоа ќе придонесе во развојот на успешни личности во иднина.

 

Учениците од ООУ „Никола Карев“ во посета на Градоначалникот

Денес учениците од четврто одделение од ООУ „Никола Карев“  со своите наставници беа во посета на Општина Крушево, како дел од наставната програма  за општествено запознавање на локалната самоуправа.

Децата беа примени од Градоначалникот и вработените во Општината и се запознаа со работните задолженија и обврски како на Градоначалникот така и на Советот на Општина Крушево и општинската администрација.

Безброј поставените интересни прашања на учениците им  беа со задоволство одговарани за што на крајот од нивната посета тие  учтиво се заблагодарија .

 

Талентирани ученици од ООУ „Никола Карев“ во посета на Градоначалникот на Општина Крушево

На големо задоволство, Градоначалникот на Општина Крушево ги прими учениците од ООУ „Никола Карев“ кои изминатиов викенд со свои литературни творби и цртежи се натпреваруваа на неколку меѓународни натпревари.

Имено, на деветтиот меѓународен детски фестивал на детска поезија „Детско царство“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина во конкуренција на шеесете финалисти, ООУ „Никола Карев“ го прествуваа ученичката Михаела Талеска под менторство на наставникот Агапи Чункоска и Антина Проеска под менторство на наставничката Александра Ангелеска. Освен дипломи за учество Михаела Талеска освои и трето место за својата литературна творба „Шумски поштар“.

Додека пак на интернационалниот фестивал на детско ликовно, литературно, драмско и филмско творење „Креативна магија“ во Бања Врујци и Мионица, Србија помеѓу претставниците од Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Малезија и Филипини се натпреваруваа и претставниците од ООУ „Никола Карев“ – Симона Рујаноска, Марта Штерјоска и Михаела Гиноска во придружба на наставничката Захарица Рујаноска и директорката Сузана Божиноска кои пак одржаа свои работилници.
На крајот од средбата Градоначалникот истакна дека навистина е задоволство да се биде во присуство на толку талентирани ученици при тоа посакувајќи им уште поголеми успесии и на учениците и на наставниците.