Почетна » Posts tagged 'ОКР'

Архива на тагови: ОКР

Започна имплементацијата на проектот Општинско–корисна работа

Проектoт „Поддшка на заедницата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Крушево“ е четврт проект на Општина Крушево од програмата Општинско-корисна работа  во која  ќе бидат ангажирани 5 невработени лица, распоредени во двете основни училишта на територијата на Општина Крушево – ООУ „Никола Карев“ Крушево и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ с.Бучин.

Нивниот ангажман е во насока на совладување на наставниот материјал на одредена категорија на деца, а проектот ќе трае 8 месеци.

Придобивките за општината се од големо значење како за локалната самоуправа така и за ангажираните лица преку:

  • Ангажирање и обезбедување социјална вклученост на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот преку работно ангажирање со скратено работно време заради стекнување на одредени вештини;
  • Зголемување на понудата на социјалните услуги согласно потребите на населението;
  • Помош за жителите на територијата на локалната самоуправа, преку обезбедување на услуги од социјална сфера.

Овој проект е дел од Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017 година, а се остварува во соработка со  Програмата за развој на обединетите нации – УНДП.

 

 

 

Share

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ  (АВРМ),  Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Крушево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа,  Oпштина Крушево  и  Агенцијата  за  вработување  на  Република  Македонија  на  ден  10.08.2016 година објавуваат:

 

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Крушево во периодот од 10.08.2016 година до 23.08.2016 година.

ОКР 2016 година

Share

Општинско корисна работа 2016г. – изберете ги вашите приоритети

Во рамките на програмата на УНДП и АВРМ „Општинско-корисна работа 2016“ повторно е активна веб алатката МОЈА  ОПШТИНА со која се дефинираат приоритетите од социјалната сфера во Општина со помош на самите жители од општината.

На многу едноставен начин сите заинтересирани жители ќе можат да го изразат своето мислење, а со тоа да дадат свој придонес кон креирање на соодветен проект од социјалната сфера во општината.

Кликнете на сликчето за да ја отворите алатката „Моја општина“.

moja opstina baner

Share

Јавен оглас за Програма Општинско корисна работа

Програмата Општинско– кориснаработа има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Програмата, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјални сфера да помогне на лица кои живеат на територијата на локалната самоуправа.

Општина Крушево веќе втора година по ред ќе ја спроведува програмата Општинско корисна работа, оваа 2015 година  под мотото „Хумано Крушево“ и нашата главна цел ќе биде насочена кон подобрување на квалитетот на живот и намалување на страдањата на ранливото население, подобрување на здравјето, спречување и намалување на ризиците преку промовирање на побезбеден начин на живот.

Во прилог погледнете го ЈАВНИОТ ОГЛАС за ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА и начините на пријавување доколку се одлучите да бидете дел од оваа програма.

Подетални информации за програмата можете да добиете во просториите на општина Крушево и Центарот за вработување во Крушево.

 

 

Share