Почетна » Posts tagged 'Крушевска Република'

Архива на тагови: Крушевска Република

Во чест на Крушевската Република – првата Република на Балканот

Почитувани,

Ве покануваме денес во 18:00ч. пред Столбот на Крушевската Република, во Градскиот парк,  да ги пречакаме коњаниците „Илинденски марш“ и „Патот на црешовото топче“ и пешадиите „Христо Узунов“ и „Тодор Александров“ кои традиционлано секоја година пристигнуваат во Крушево пред најголемиот македонски празник Илинден а во чест на паднатите илинденци кои се бореле за самостојна и независна Република Македонија.

konjanica

Share

Одбележани 111 години од трагичната смрт на Никола Карев

Положено свежо цвеќе на споменикот  и криптата  на Претседателот на Крушевската Република – Никола Карев,  по повод 111 години од неговата трагична смрт.

Share

Посета на Рајчани – местото каде загинал Никола Карев

“НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НИ ЈА ОДЗЕМЕ НАШАТА  ХРАБРОСТ И НАШИОТ ПАТРИОТИЗАМ…“ – НИКОЛА КАРЕВ

По повод 111 годишнината од загинувањето на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, делегација на Општина Крушево оддаде почит пред паметникот на местото на неговото загинување – месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани.

Share