Почетна » Posts tagged 'Крушево'

Архива на тагови: Крушево

Турнир во мал фудбал „Илинден“ 2017г. – Крушево

Општина Крушево и оваа година организира турнир во мал фудбал „Илинден“2017г., кој ќе се игра на новото повеќенаменско игралиште на Гумење.

соопштение

Сподели

Театарската претстава „Delirium Tremens“ прикажана пред крушевската публика

Во изведба на актери од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, на плоштадот Никола Мартиновски во Крушево беше изведена театарстката претстава Delirium Tremens од Благоја Ристески – Платнар.

Несекојдневен спој на дрмата и музиката, пропратено со внатрешни монолози на исклучителните актери.

КРУШЕВО ДОБИ ФИТНЕС ЗОНА

Во Крушево е отворена првата Фитнес зона на отворено, што е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на вкупно 20 на територијата на Р.М.

Оваа зона сега ќе биде составен дел на спортско-рекреативниот комплекс „Гумење“ каде во завршна фаза е и изградбата на едно повеќенаменско и две тениски игралишта.

Изградбата на фитнес зоните е дел од 40-те мерки за млади од програмата на  ВМРО-ДПМНЕ.

 

фитнес зона

 

Меѓународен фестивал за деца и младинци „ЕДЕН ИДОЛ“ во Крушево

Во духот на добрата соработка помеѓу двата збратимени градови,  Крушево и Кочани но и со цел никогаш да не се заборави големата музичка ѕвезда, нашиот Тоше Проески, во Крушево се одржа меѓународниот фестивал за деца и младинци „ЕДЕН ИДОЛ“ посветен токму на ликот и делото на Тоше.

Младите таленти од Крушево, Кочани но и гостите од Србија ги изведуваа своите песни пред големиот број на дечиња во конгресната сала во х.Монтана Палас.

Ова е само почеток на една,  се надеваме успешна соработка чија крајна цел е фестивалот да прерасне во уште поголем и традиционален.

Одржано Државно ридско првенство во велосипедизам 2017г.

Под покровителство на Општина Крушево,  а во организација на Велосипедскиот клуб „Илинден 2007“  и  Велосипедската федерација на Македонија, се одржа Државното Ридско првенство во велосипедизам 2017г.

Трката започна од Кривогаштани, а заврши кај манастирот „Св. Преображение“ – Крушево.

Подоцна, со свечена церемонија, на Градскиот плоштад во Крушево беа прогласени најдобрите натпреварувачи.

 

Одбележана 112 годишнината од загинувањето на Никола Карев, Претседателот на Крушевската Република

Во месноста Свиланово,  во билизина на селото Рајчани беше одбележана 112-годишнината од загинувањето на Никола Карев, Претседателот на Крушевската Република.

Делегации составени од Градоначалниците на пет општини како и од основните училиштата од Крушево и Кочани кои  го носат името на учителот  Никола Карев, претставници од семејството Кареви од Крушево и претставници од НУ „Историски музеј“ – Крушево, оддадоа заслужена почит на големиот илинденец.

Специјализирана смотра на македонски изворни шарпланинци

kucinja

Продолжува изградбата на тениските и повеќенаменското игралиште на Гумење

Со почетокот на градежната сезона продолжи изградбата на тениските и повеќенаменското игралиште.

Изградбата, се очекува да биде завршена до крајот на месец јуни и традиционалниот турнир во мал фудбал 2017 год. да се одржи на новиот терен.

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

Добрата сообраќајна инфраструктура е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој во Крушево.

1.2

1.1

 

Одбележана 60 годишнината од Унгарската револуција и борба за слобода во 1956 година

Завршната церемонија на Меморијалниот година посветена на унгарската слобода, се одржа во Крушево под покровителство на Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“.

Во рамките на настанат, во знак на одбележување на 60 годишнината од Унгарската револуција и борба за слобода во 1956 година, се одржаа повеќе програми: положување на цвеќе пред спомен плочата во детското одморалиште „Шула Мина“, прикажување на документарниот  филм „Унгарците во Крушево“, дискусија за тоа на кого Крушево даде засолниште во 1957 година со Г-ѓа Éva Egerszegi, доделување на награди за најуспешните литературни творби на натпреварот за литература/есеј  „Моите родители/баба и дедо ми раскажаа…“ и на крај џез концерт на  Oláh Dezső Jazz Trio.

Наредниот ден беше отворена и изложбата „Слобода и Љубов“ во просториите на СОУ „Наум Наумоски Борче“  со што церемонијата беше затворена.

Покажувајќи ја својата хуманост, Крушевчани придонеле многу за згрижување на Унгарците во 1957 година што покажа и целокупниот настан.

Соработката помеѓу Крушево и Унгарија ќе продолжи и во иднина и  ќе брои уште поголеми успеси, истакна Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија   Н.Е. Ласло Иштван Дукс кој исто така престојуваше во Крушево.