Почетна » Posts tagged 'Гумење'

Архива на тагови: Гумење

Се санираат клупите за одмор на Гумење

Отпочната е санација на клупите за одмор на платото на Гумење.

Share

Крушево ќе добие две тениски и едно повеќенаменско игралиште

Согласно издаденото одобрение за градба на две тениски и едно повеќенаменско спортско игралиште,  од страна на Општина Крушево и претставници на Агенцијата за спорт и млади на Р.Македонија, спортските игралишта беа воведени во градба.

Спортските игралишта се состојат од два тениски терени и едно повеќенаменско спортско игралиште, сместени на спортските терени на Гумење.

Општина Крушево пред воведувањето во градба ги испoлни сите услови за отпочнување со градба што значеше рамнење и нивелирање на теренот каде ќе се сместени спортските игралишта.

Инвеститор  на спортските игралишта е  Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија.

Изведувач на градежни активности -  ЖИКОЛ ДООЕЛ – Струмица

Рокот  на изведба е пет месеци од денот од воведување во градба.

Инвестицијата е вредна  20.000.000 денари

Со ова продолжуваат активностите за уредување на спортските терени на Гумење, а со тоа и овозможување на граѓаните поквалитетни услови за спортување.

 

Share

Тампониран патот кој ги поврзува крајот на крушевското корзо на Гумење и пешачката и велосипедска патека на Крушевското Езеро, во должина од 370m

Share

Отпочнато со оградување на споменичниот комплекс „Илинден“

Се оградува контактно-контролната зона од споменичниот комплекс „Илинден“ со ограда од метален профил  со што ќе се организира просторот на комплексот, ќе се регулира движењето на посетителите, ќе се организараат целини со хортикултурно уредување, поставување на гранитни жардињери а исто така ќе се изградат и 3 чешми од кои едната ќе биде спомен чешма Црешово топче.

Проектот е финансиран од Министерство за култура, во фази преку НУ „Историски музеј“ Крушево и НУ „Завод и музеи“ Прилеп и сопствени средства од НУ „Историски музеј“ Крушево.

 

Share

Подготовка на теренот за изградба на игралишта

Се врши израмнување на теренот за изградба на 2 тениски и повеќенаменско игралишта на месноста „Гумење“.

Изградбата ќе започне во рок од две недели.

Share