Со рози пречекани маратонците во чест на Тоше

Денес околу 13 часот во Крушево (16.10.2019) во Крушево пристигнаа учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески кои беа пречекани од ученици, млади, вработени во институции, угостители, компании и граѓани со рози во рацете. Розите беа оставани покрај патот при поминувањето на маратонците, а се слушаа песни на Тоше низ целиот град.

Маратонците беа пречекани од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на „Гумење“ каде што хорот при СОУ „Наум Наумовски Борче“ заедно со млади-љубители на песните на Тоше изведуваа негови песни.

По пречекот се полагаше свежо цвеќе на гробот на Тоше.

Во ултрамаратонот учествуваа 10 учесници кои трчаа во чест на пејачот од Нова градишка до Крушево. Дел од денешниот настан беаше и група од четворица велосипедисти кои со велосипеди ја поминаа истата релација