Започна асфалтирањето на патот од Јакреново до Саждево

Започнува асфалтирањето на патот кој води од населеното место Јакреново, до село Саждево, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски заедно со жителите на двете села беа на увид во почетокот на работите.

„Денеска започнавме со асфалтирање на нов локален пат од с.Јакреново до с.Саждево.За нас зборот важи!
На прав пат сме за да направиме и реализираме многу повеќе проекти се во интерес на моите сограѓани, тоа е наша обврска.“ рече градоначалникот на општина Крушево.

Проектот е во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на подрачјата со специфични развојни потреби, преку Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. За оваа намена Владата на Република Северна Македонија оддели 2.199,541 денари.