Бројот на туристи продолжува да се зголемува

Бројот на туристи во Крушево продолжува да расте и во првите седум месеци од година. Претходно објавивме дека според уплатената туристичка такса бројот на туристи во првите 6 месеци пораснал за близу 20 отсто во споредба со првите 6 месеци од 2018 година.

Во првите 7 месеци од 2019 година бројот на туристи во споредба со истиот период лани пораснал за 22 отсто.

Оваа бројка општина Крушево очекува да се зголеми значително кога ќе бидат достапни податоците и за месец август кога се одржа 16-тото Светско првенство во параглајдерство со рекорден број на земји-учеснички – 49 од целиот свет.