Нови грејни тела за подрачните училишта во Крушево

Општина Крушево обезбеди грејни тела за подрачните училишта на ОУ „Никола Карев“ Крушево во населените места и старите и дотраени тела ќе се заменат со нови.

„Обезбедивме нови грејни тела во пресрет на студеното време во Крушево. Старите грејни тела ги заменуваме со нови со цел поефикасно и поекономично затоплување во секое подрачно училиште во општината, како и подобра средина за учениците“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Претходно во подрачните училишта во општина Крушево се бојадисуваа внатрешните ѕидови, во училиштето во с. Норово беа поставени нови плочки, се уредуваше дворот, а општината е партнер во проектот за меѓуетничка интеграција на Министерството за образование и наука кој се спроведува во дел од населените места

Please follow and like us:
Share