Општина Крушево во престижното издание Business Directory of North Macedonia 2019

Општина Крушево од денес е промовирана на светски познатата маркетинг агенција Балканика и ќе биде дел од годишното издание на „Business Directory of North Macedonia“, односно во поглавјето „Some of the Municipalities of the Republic of North Macedonia“.

На овој начин општина Крушево ќе биде промовирана рамо до рамо со најдобрите македонски компании кои делуваат во светски рамки и ќе биде во постојана комуникација со потенцијални инвеститори.

Презентација за општина Крушево може да се најде на официјалната интернет страница на Балканика каде што е претставена биографијата на градоначалникот на општина Крушево, можностите за инвестирање, историјата, културата и вредностите на Крушево

Погледнете ја презентацијата на следниот линк: http://www.balkanika-publishing.com.mk/images/presentations/Municipality%20of%20Krushevo%20.pdf

Линк до официјална интернет страница на Агенцијата: http://www.balkanika-publishing.com.mk/

Please follow and like us:
Share