Taste Krusevo со привлечна програма за сите посетители

Крушево се подготвува за Taste Krusevo – фестивалот на храна и култура, а организаторите ги повикуваат сите посетители да бидат дел од овој настан затоа што има многу содржини интересни за нив.

Отворањето на фестивалот ќе се случува во 19 часот во градскиот парк каде што ќе бидат промовирани гостите и сите учесници на натпреварот.

Веќе наредниот ден во 13 часот ќе започне натпреварот каде што ќе биде претставен специјалитетот „Чомлек“ подготвен од натпреварувачите, а вечерта од 20 часот започнува презентацијата на промотивни видеа за црквата Св. Никола подготвена од страна на учесницити. По завршувањето на овој дел следува забава под отворено небо.

Последниот ден, од 10 часот започнува туристичката тура во спомен куќата „Тодор Проески“ и споменикот Македониум.

„Ова е еден одличен настан кој ја промовира нашата храна, но и нашата култура, а овие две гранки се многу богати. Истовремено, преку храната и културата го нудиме она што најдобро знаеме да го правиме како училиште, ка граѓани на Крушево, како град.“, вели директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево.

Taste Krusevo – фестивалот на храна и култура е во организација на СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на општина Крушево, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Центарот за средно стручно образование, When in Krusevo, Локален младински совет, Викенд во Крушево и други.

Please follow and like us:
Share