Европска недела на мобилност во Крушево со велосипедски натпревар

Денес (21.09.2019) Крушево одбележува Европска недела на мобилност со организација на велосипедска тура и рекреативна велосипедска тура.

Настанот е во рамките на пот-проектот Кругот на адреналинот, кој се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност www.lrcp.mk, а најсреќните и јауспешните двајца натпреварувачи добија велосипед како подарок исто така набавен преку проектот.

Најдобар резултат имаше Маркоски Александар, додека среќникот кој го доби вториот велосипед како награда е Ѓоко Ицоски. Траката и турата се одржаа на делници од обележаните велосипедски патеки.

Please follow and like us:
Share