Две велосипедски трки и рекреативна велосипедска тура на 21 септември во Крушево

Во рамки на проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ општина Крушево на 21 септември организира две велосипедски трки и една рекреативна велосипедска трка.

Ќе се одржат трки во машка и женска конкуренција на веќе обележаните патеки за велосипедизам, а најдобрите ќе добијат велосипеди, заедно со една рекреативна велосипедска тура за сите оние кои не сакаат да се натпреваруваат.

Трките и турата ќе започнат во 10 часот на 21.09.2019 пред хотел Монтана Палас, а сите заинтересирани мора да се пријават на електронската пријава на следниот линк: https://forms.gle/AGSct36yZmCbaV3h6

Учеството во трките и турата е бесплатно.

За сите информации користете ги следните контакти:

opstinakrusevo@krusevo.gov.mk

048 477 061

Фејсбук: https://www.facebook.com/TomeHristoskiKrusevo/

Подолу можете да ги погледнете рутите за машката, женската трки и рекреативната тура:

Патека за трка во машка конкуренција
Патека за велосипедска трка во женска конкуренција
Патека за рекреативна велосипедска тура

Настанот е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на Вице премиерот Кочо Анѓушев, Канцеларијата на Проектот и општина Крушево.

Please follow and like us:
Share