Свечената седница на Советот на 6-ти септември

Свечената седница на Советот на општина Крушево ќе се одржи во петок, на 6-ти септември, во хотел Монтана Палас со почеток во 12 часот.

На свечената седница на Советот ќе бидат доделени благодарници и осмо септемвриска награда за особен придонес за Крушево. Пригодна програма ќе подготват учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево и СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, а на седница ќе се обрати и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.