Пакетчиња за првооделенците од компанијата Анго и општина Крушево

Денес градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски додели пакетчиња на новите првооделенци од ООУ „Никола Карев“ Крушево, кои се обезбедени во соработка со ДПТУ Анго ДООЕЛ Скопје.

Обезбедени се пакетчиња по повод почетокот на учебната година и за сите подрачни училишта на ООУ Никола Карев Крушево.

„Се заблагодарувам на компанијата Анго ДООЕЛ од Скопје за оваа донација која ќе го олесни почетокот на учебната година за новите дечиња-ученици и навистина ми беше драго што утрово ги израдувавме со пакетчињата“, изјави градоначалникто на општина Крушево.

Од компанијата ДПТУ Анго ДООЕЛ Скопје велат дека за да се направат добри дела и да се поттикне социо-економскиот развој некогаш треба само воља.

„Како општествено одговорна компанија,нашиот став е дека има многу активности што не бараат многу средства,туку само добра волја.Општествената одговорност претставува неопходна димензија на современите успешни компании. ДТПУ Анго Дооел Скопје продолжува со својата традиција, да помага и придонесува за доброто на учениците ако движечка сила на социо-економскиот развој а државата.Затоа, за потребите на првоодделенците на територијата на општина Крушево,на ден 02.09.2019, Анго Дооел донираше прибори за секое дете за среќен и успешен почеток на училишната година.“, велат од Анго ДООЕЛ Скопје.