Продолжуваат натпреварите во параглајдинг и змајарство

По завршувањето на Светското првенство во параглајдинг и Gin Wide Open во Крушево се одржува првото меѓународно првенство во змајарство. Krusevo Open трае до крајот на седмицава, а учесници има од цела Европа.

Покрај учесниците на ова првенство во Крушево престојуваат голем број на рекреативни параглајдеристи.

„Сезоната ја издолживме и балгодарение на овие првенства даваме уште еден поттик на туризмот во Крушево. По завршувањето на ова првенство сезоната на авантуристички туризам трае во текот на цел месец, а во рамки на нашата програма организираме планинарска тура на 8 септември, велосипедски тури и трки на 21 септември и многу музички настани“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.