Расте уплатата на туристичката такса заедно со бројот на туристи

Уплатата на туристичката такса во 2018 година се зголемила за 39 отсто во споредба со 2017 година што покажува дека свесноста за уплаќање на оваа давачка се зголемува, но постои се’ уште прикривање.

„Ја зголемивме уплатата на туристичката такса и тоа покажува дека бројот на туристи и ноќевања се зголемува, но и свесноста за уплаќање на таксата оди нагори. Ни престои работа се’ уште на ова поле и затоа ги повикувам сите издавачи на соби, вили и хотели целосно да ја плаќаат таксата затоа што преку изградба на патишта, подобра промоција, хигиена и слично тие пари се враќаат кон угостителскиот сектор“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Општина Крушево очекува во 2019 година да биде забележано уште поголемо покачување во уплатата.

Паралелно со покачувањето на уплатата на туристичката такса расте и бројот на туристи, и во првите 6 месеци растот изнесува 17 отсто во споредба со истиот период лани.

Please follow and like us:
Share