Овој викенд ридско – брзински автомобилски трки

Втора година по ред, по подолгата пауза, ридско-брзинските автомобилски трки ќе се одржат на 31-ви август и 1-ви септември со учесници од неколку земји. Тренинг трките ќе се одржат во сабота, а двете натпреварувачки трки во недела со почеток во 9 часот.

Настанот го организира АКК клубот од Скопје со поддршка на општина Крушево и НКС „Десет дена Крушевска Република, а трасата која се поминува е од с. Острилци, општина Крушево, по регионалниот пат до влезот на град Крушево.

Минатата година имаше 30 учесници од неколку балкански држави, а настанот се одржа во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

Please follow and like us:
Share