Прв натпреврувачки ден од Ролер ски купот Тоше Проески, Ставре Јада втор

Се одржа првата трка од ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ на која Ставре Јада со освоено второ место и Викторија Тодороска со 6-то место беа најдобри од македонскиот табор.

Еве ги резултатите од денешната трка во должина од 1,2 километри:

Мажи:

  1. Милосавлевиќ Милош (Србија)
  2. Јада Ставре (Северна Македонија)
  3. Чолиќ Милош (Босна и Херцеговина)
  4. Анастасијадис Ѓорѓиос (Грција)
  5. Андониадис Ангелос (Грција)
  6. Серафим Аргирис (Грција)
  7. Лопатиќ Стефан (Босна и Херцеговина)
  8. Крстески Дарко (Северна Македонија)

Жени:

  1. Илиќ Ања (Србија)
  2. Ладопулу Параскеви (Грција)
  3. Кускук Сања (Босна и Херцеговина)
  4. Војуновиќ Анастасија (Србија)
  5. Јанаковите Стилијани (Грција)
  6. Тодорска Викторија (Северна Македонија)
  7. Тита Нефели (Грција)
  8. Даноска Михаела

Натпреварот продолжува вечерва во 18 часот со полагање на цвеќе на гробот на Тоше Проески и свечено отворање на настанот во спомен куќата „Тодор Проески“. Утре од 9 часот не очекуваат трки на 12 километри за мажи, 6 за жени, 3 за деца до 14 години и 2 километри за деца до 12 година.

Повторно ги известуваме граѓаните дека патниот правец Крушево- Кривогаштани ќе биде затворен од 9 до 11 часот утре и задутре.

Please follow and like us:
Share