Заврши санацијата на училишта во Норово и Пресил, од денес Алданци и Белушино

Заврши бојадисувањето на внатрешните ѕидови во училиштата во с. Норово и с. Пресил, а од денеска продолжуваат активностите во с. Алданци и с. Белушино.

Преку овие активности, според градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, се извршува мала санација и се освежуваат просториите за учениците пред почетокот на новата учебна година.

„Оваа мала санација ќе го освежи просторот и верувам дека ќе создаде малку поубава средина за учениците. Мора да вложуваме во младите и затоа во иднина ќе продолжиме со имплементација на поголеми проекти во областа на образованието заедно со Владата и Ресорното министерство.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.