Обука за тенис за најмладите во сабота од 17 часот

МТП тенискиот клуб од Скопје доаѓа во Крушево на неколкудневни подготовки и како и минатата година клубот ќе организира промоција и кратка обука за најмладите од Крушево. Терминот за обуката и промоцијата е сабота, 17.08.2019, од 17 часот на двојното тениско игралиште.

Овој клуб втора година по ред доаѓа во Крушево и своите професионални подготовки ги организира токму тука. Уште еднаш општина Крушево апелира до младите кои го користат двојното тениско игралиште во периодот предвиден за тренинг да го отстапат игралиштето.

Термините се следни:

15.8      17-20 h
16.8     9-12 h     17-19h
17.8     9-12 h     17-19 h
18.8     9-12 h     17-19h
19.8     9-12 h     17-19h
20.8     9-11 h