Се одржаа театарски претстави, вечерва концерт на Бона Деа

Синоќа на Летната сцена се одржаа две театарски претстави во изведба на Театар Провокација – „Зеленковци“ театарска претстава за деца и „Првин ќе ме земеш, па после ќе ме…“ театарска претстава за возрасни.

Првата претстава започна во 19 часот која беше наменета за најмладите.

Со почеток во 21 часот се одржа и втората театарска претстава пред преполната летна сцена.

Вечерва со почеток во 20:30ч. ќе се одржи концертот на групата Бона Деа со репертоар од забавни македонски и странски песни.