Мечкин Камен исчистен по завршувањето на манифестацијата за празникот Илинден

По завршувањето на манифестацијата за одбележување на празникот Илинден јавното комунално претпријатие „Комуна“ започна со чистење на целиот простор на Мечкин Камен. На работниците им се приклучи и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и порача дека хигиената е еден од приоритетите за локалната самоуправа.

„Денес поминавме еден убав ден. Го одбележавме празникот Илинден на еден достоинствен и мирен начин со многу посетители од цела држава. По завршувањето веднаш пристапивме кон чистење на просторот за од утре истиот да може да се користи за пикник и прошетки на крушевчани и сите туристи во Крушево“, изјави градоначалникот.