Завршува турнирот во мал фудбал, вечерва настап на Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ, Емин Џијан и филхармонија

Во Крушево во тек се неколку настани како завршницата од турнирот во мал фудбал „Илинден 2019“, започнува Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, а од 5-ти август 16-тото Светско првенство во параглајдерство.

Финалето од турнирот е закажано за 3-ти август во 17:30 часот кога ќе се одигра и натпреварот за 3-то место, ќе се доделат награди за најдобар стрелец, најдобар голман, фер плеј екипа.

Вечерва во 20:00 часот започнува „Десет дена Крушевска Република“ со читање на манифестот, обраќање на претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ Томе Христоски и настап најпрво на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, а потоа Емин Џијан и Филхармонија. Првиот ден ќе финишира со импровизиран напад на градот.

Воедно, општина Крушево апелира до локалните угостители вечерва, 01.08.2019, во перидот од 00:00 до 00:10 часот да ја исклучат музиката за преку звуците на импровизираниот напад на Крушево да се почувствува духот на големиот празник Илинден.

Веќе од 5-ти август не’ очекува Светското првенство во параглајдерство со 49 учесници од целиот свет.

#СитеСмеДецаНаИлинден

Please follow and like us:
Share