Се санира платото на „Гумење“

Денес се санира платото на „Гумење“ каде што ќе се одржи отворањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ со настап на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ и Емин Џијан и Македонска филхармонија.

Преку социјалните мрежи градоначалникот порача дека е свесен оти ваквата санација е недоволна, но ги пресретнува можностите на општина Крушево.

„ Знам дека не е доволно но сепак во зависност од можностите успеавме да ги санираме ударните дупки на ,,Гумење” во Крушево.“, напиша градоначалникот Христоски на социјалната мрежа „Фејсбук“.