Министерот Спасовски во Крушево, формиран Локален совет за превенција

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес (29.07.2019) одржа средба со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик министерот Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна Безбедност Сашо Тасевски и други претставници од безбедносните служби по повод формирањето на локален совет за превенција.

По средбата во кабинетот на градоначалникот во просториите на СОУ „Наум Наумовски Борче“ се одржа конститутивната седница на Советот за превенција на која се разви дебата во однос на начинот на формирање на советот и кои се неговите цели на работа.

„Преку Локалниот совет за превенција ќе работиме на поголема безбедност во општината и подобри услуги кон граѓаните. Секоја сугестија е добредојдена и затоа е добро што по многу години нефункционирае конечно општина Крушево добива функционален Совет за превенција“, изјави градоначалникот Христоски.

Христоски додели плакета на Министерот Спасовски за особен придонес во јавната безбедност и соработка со засегнати страни во општина Крушево и благодарници за Бирото за јавна безбедност и полициската станица во Крушево.

Министерот Спасовски во рамки на посетата на Крушево одржа и средба со полициската станица во Крушево.