Трибина на тема „Придобивките од развојот на еко-туризмот“, Крушево растечка дестинација за туризам

Во хотел Монтана Палас денес, 22.07.2019, се одржа јавна трибина на тема „Придобивки од развојот на еко-туризмот“ на која со угостители, туристичките работници и граѓаните дебатираа претседателката на зелената партија ДОМ Маја Морачанин, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, Државниот секретар во Министерство за животна средина Ана Петровска, Кристина Пејчиновска од локалниот параглајдинг клуби Сотир Габелоски од општина Крушево.

Говорниците зборуваа за можностите за развој на еко туризмот и како тој влијае на локалниот развој, Државната секретарка говореше за плановите на Министерството во справување со отпадот, претставникот од параглајдинг клубот посочи на главните проблеми со кои се соочуваат во организациајта на антпреварите, а претставникот од локалната самоуправа се осврна на проектите на кои работи локалната самоуправа и начинот на решавање на клучните проблеми.

По излагањето на говорниците следеа дискусии и прашања од страна на гостите.

Please follow and like us:
Share