Галоски на 9 август во Крушево

9-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ нуди програма и за повозрасната и за помладата публика. На 9-ти август ќе настапи групата „Шербет“, а после тоа ди џејот со меѓународна кариера Галоски.

Еве што друго не очекува од 1-ви до 10-ти август:

01.08 Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ
02.08 Централно одбележување на Мечкин Камен, во вечерните часови настап на Здружението на пензионери од Крушево,
03.08. Целодневна програма за одбележување на унгарската култура,

15.00-15.30        Полагање венци  на спомен плоча

                           во чест на  бегалците од 1956

                           – Детско одмаралиште Шула Мина

 17.00–18.30       Промоција на книгата  посветена на

                           бегалците  од 1956 година ПОД ПАЗУВИТЕ

                           НА  КОРИЈАТА

                            – Дом на Културата Крушево

 20.30-21.30   Настап на народен  оркестар и

                          фолклорна група.

                            – Градски плоштад Крушево


04.08. Целодневна програма за одбележување на влашката култура,

1. Полагање цвеќе на гробот на Тоше Проески – 10 часот

2. Трибина за пописот – 11,00 до 14,00 часот, хотел Панорама Спа

3. Промоција на ЦД со влашки песни- 18,30 часот

4. Презентација на книга пред почетокот на вечерта на влашки песни

5. Вечер на влашки песни – 20:00 ч. до 23,00 ч., плоштад „Никола Мартиноски“

05.08. Отворање на Светско првенство во параглајдерство, настап на групата Фолтин и концерт на Влатко Груевски – тенор,
06.08. Хор „Злата Мегленска“
07.08. Театарска претстава „Првин ќе ме земеш, па после ќе ме…“ и претстава за деца „Зеленковци“ Театар Провокација
08.08 Група Бона Деа
09.08. Шербет и ди џеј Галоски
10.08. Викторија Лоба

Поддржувачи: Министерство за култура, НЛБ банка, Комерцијална банка

Please follow and like us:
Share