Богата програма на Унгарска и Влашка вечер, „Десет дена Крушевска Република“

Во рамки на 3-от и 4-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе се одржат различен тип на настани кои ќе се провлекуваат во текот на целиот ден.

На 3-ти август во рамките на т.н. Унгарска вечер предвидени се следниве активности:

15.00-15.30        Полагање венци  на спомен плоча во чест на  бегалците од 1956

                           – Детско одмаралиште Шула Мина

17.00–18.30       Промоција на книгата  посветена на бегалците  од 1956 година ПОД ПАЗУВИТЕ         НА  КОРИЈАТА

                            – Дом на Културата Крушево

 20.30-21.30   Настап на народен  оркестар и

                          фолклорна група.

                            – Градски плоштад Крушево

Наредниот ден, на 04.08., селдува манифестацијата за одбележување на влашката култура и традиција, но и друг тип на настани кои ќе можат присутните да ги проследат во текот на денот.

  1. Полагање цвеќе на гробот на Тоше Проески – 10 часот

2. Трибина за пописот – 11,00 до 14,00 часот, хотел Панорама Спа

3. Промоција на ЦД со влашки песни- 18,30 часот

4. Презентација на книга пред почетокот на вечерта на влашки песни

5. Вечер на влашки песни – 20:00 ч. до 23,00 ч., плоштад „Никола Мартиноски“