Премиерот Зоран Заев на 2-ри август во Крушево

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден настана недоразбирање во однос на одржувањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, односно преку медиумите беше известено дека Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе присуствува на 2-ри август во Крушево.

На 2-ри август на Мечкин Камен во Крушево ќе се обрати Премиерот на Република Северна Македонија господинот Зоран Заев.

Во прилог на ова соопштение испраќаме и документ со програмата за овогодинешното издание на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

Напоменуваме дека програмата може да претрпи промени.