Тампонирање на пат во с. Пресил, во иднина поголеми ифнраструктурни зафати

По чистењето на отпадот од центарот на с. Пресил денес се тампонираше пат кој води до земјоделски површини во должина од 600 метри.

„Работиме активно во с. Пресил и тука сега и во иднина ќе реализираме поголеми инфраструктурни проекти. Најпрво го чистевме отпадот во центарот на селото каде што ќе се постават одводни цевки, а денес заедно со Центарот за развој на пелагонискиот регион тампонираме патеки до земјоделски површини. Со овие активности го олеснуваме секојдневието на жителите на Пресил.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Тампонирањето на пристапни патеки е во рамки на Програмата за капитални инвестиции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и досега се тампонираше во населените места Алданци, Саждево, Борино и Врбоец.