Викторија Лоба на затворањето на „Десет дена Крушевска Република“

Манифестацијата НКС “Десет дена Крушевска Република“ 2019 ќе ја затвори македонската пејачка Викторија Лоба.

Манифестацијата, која се одржува во Крушево од 1-ви до 10-ти август, ќе биде отворена од Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, на вториот ден не очекува централната прослава на Мечкин Камен, а во вечерните часови настап на Здружението на пензионери од Крушево.

На 3-ти и 4-ти август ќе се одржат целодневни програми за одбележување на унгарската и влашката култура, за на 5-ти да имаме настап на групата Фолтин во градскиот парк и отворање на Светското првенство во параглајдерство и после тоа концерт на Влатко Груевски – тенор.

На 7-ми август ќе се одигра претставата „Првин ќе ме земеш, па после ќе ме…“ на Театар Провокација, а на 9-ти настап на групата Шербет и македонски ди џеј со меѓународна кариера.

Во периодот што следи ќе биде објавен аи програмата за деновите кои овде се испуштени.

Повеќе инфо на настанот на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/events/431941974202188/